Напаѓачот на Анахајм, Трој Тери, потпиша нов седумгодишен договор, соопшти клубот од Националната хокеарска лига на САД и Канада. Тој ќе добие вкупно 49 милиони долари.
25 годишниот играч има два настапа на Ол-стар. Тој досега постигнал 75 голови и направил 101 асистенција во 274 натпревари од регуларниот дел од сезоната.
Тери само во претходната сезона постигна 23 гола и направи 38 асистенции на 70 натпревари.