Мика Хакинен направи споредба меѓу Михаел Шумахер и сегашниот лидер во Формула 1 шампионатот – Макс Верстапен.
„Шумахернесомнено беше неверојатен Ф1 возач. Неговата посветеност на спортот – тркањето беше неговиот живот! Тоа не беше само работа или хоби туку негов живот. Токму тоа го гледам со Макс“ – вели поранешниот шампион Мика Хакинен
„Тој кога не е во автомобилот или го вози симулаторот или тестира и развива работи. Тој учи дисциплина, нови работи. Единствениот начин да го направите тоа е да тренирате напорно и да имате постојана жед за успех“, рече легендарниот Финец.