Возачот на Алпин во Формула 1, Пјер Гасли, се осврна на првата половина од тековната сезона во ГП шампионатот. Тој вели дека тимот можел да оствари подобри резултати.
„Морам да кажам дека првата половина од сезоната беше многу напната, вклучително и емотивно. Не се сеќавам кога имав, да речеме, ваква серија неуспеси и настани што доведоа до губење на бодови“ – вели Гасли.
„Мекларен ги изненади сите во последните неколку трки а како резултат на тоа ние паднавме на шестото место во генералниот пласман“ – вели Гасли.