Холанѓанецот, Макс Верстапен, кој победи на 10 од досегашните 12 трки во Формула 1 шампионатот, вели дека ќе биде тешко за Ред Бул да слави на сите патеки до крајот на сезоната.
Неговиот тим со досегашниот ефект има реални шанси да го собори рекордот на Мекларен кога станува збор за најголем процент на освоени трки во една кампања. Во 1988 година британскиот тим победи на 15 од 16 трки или 93,8%.
„Евентуален рекорд ќе значи повеќе за тимот, јас се фокусирам на секоја трка поединечно. Се обидуваме да останеме во добар ритам и да направиме големо остварување“ – вели Верстапен.