Возачот на Вилијамс во Формула 1, Алекс Албон, изјави дека во почетокот на сезоната никој не очекувал дека тимот ќе фигура на седмото место во поредокот кај конструкторите.
Тоа сепак се случи откако со неговото возење искористи одредени ситуации и освои непланирани бодови пред се во Канада.
„Да ни кажевте во почетокот на сезоната дека ќе бидеме седми, ќе дадевме се за тој пласман, така што работите одат добро. Треба да останеме фокусирани по летната пауза“ – изјави Албон.