Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, не крие дека е оптимист околу настапот на Светското првенство.
„Што очекувам од Мундобаскетот? Многу, многу. Се најдобро. Верувам дека можеме да ги направиме среќни љубители на спортот и кошарката во Србија“ – вели Богдановиќ.
„Ветувам дека на секој меч ќе се бориме од првата до последната секунда, дека на секој натпревар, без разлика на името на ривалот, ќе се обидеме да победиме“ – рече репрезентативецот на нашиот северен сосед.