Првиот златен медал од Светското првенство во атлетика му припадна на Шпанецот Алваро Мартин. Тој триумфираше на трката во дисциплината 20 километри брзо одење и го освојува првото златно одличје за неговата земја.
Актуелниот европски шампион дојде до златото откако ја заврши трката со време од 1 час, 17 минути и 32 секунди, што претставува најдобар резултат во светот сезонава.
Сребрениот медал му припадна на Швеѓанецот Персеус Карлстрем, кој пристигна на целта 7 секунди подоцна, а бронзениот медал отиде кај Бразилецот Каио Бонфим, кој задоцни 15 секунди зад победникот.
Натпреварувањата на атлетискиот Мундијал продолжуваат со неколкучасовно доцнење, поради поројните дождови кои утрово ја зафатија Будимпешта, а со тоа организаторот мораше да ги помести денешните натпрвари за нешто подоцна.