Светскиот шампион во Мото ГП, Франческо Банаја, беше одличен на викенд-трката во Австрија и со новите поени само ја зголеми предноста во однос на конкурентите.
„Ова е резултат на подобрувањата што ги направи Дукати на првите 10 трки но, останува еден проблем – „GP23“ е сè уште непредвидлив“ – вели Банаја.
„На некои патеки како во Остин и Австрија сè ни излезе многу брзо и успешно“ – вели возачот во Мото Гран При шампионатот.