Шефот на тимот на Вилијамс во Формула 1, Џејмс Волс, потенцира дека 1 милијарда долари не е висока цена за тим кој учествува во светскиот шампионат.
Пред неколку месеци се појавија информации дека тимовите кои се дел од шампионатот одбиле понуди од инвеститори вредни речиси 1 милијарда долари.
„Во НФЛ најевтиниот тим е 4 милијарди а тимовите вредат 6 милијарди долари. За Формула 1 тие милијарда долари, не значат многу а вредноста на тимовите расте“ – вели Волс.