Лиам Лосон откако во третиот старт успеа да ги освои првите бодови за Алфа Таури во Формула 1 и тоа на трката во Сингапур, веројатно ќе добие шанса и во Јапонија.
„Не знам уште колку стартови ќе имам, се обидувам да го извлечам максимумот од секоја можност. Приликава ја чекав долго време“ – вели Лосон.
„Одлично ја познавам патеката – „Сузука“. Таму допрва ќе имаме шанси за добар настап“ – изјави возачот од Нов Зеланд.