Шефот на Ферари, Фредерик Васер, го пофали Карлос Саинц кој успеа да победи на трката за Големата награда на Сингапур. Шпанецот со тоа стави крај на доминацијата на Ред Бул и Макс Верстапен.
„Не сум изненаден од силниот настап на Саинц. Мислам дека нема друг пилот кој може да се справи со последните 10 круга толку интелигентно“ – вели Васер.
„Менталната подготовка за викендот беше одлучувачка. Карлос беше брз и сигурен уште од првиот круг а тоа помага многу“ – изјави Васер.