Вкупно седум возачи ќе имаат нови погонски системи на трката за Големата награда на Јапонија.
Двајцата членови на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез ќе го користат последниот сет дозволен во една сезона. Промени ќе има и во болидот на Луис Хамилтон од Мерцедес, кај Оскар Пјастри од Мекларен, кај двајцата возачи на Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл како и во возилото на Логан Сарџент од Вилијамс.
Интересно е што сите наведени возачи користат погонски системи на Мерцедес.