Актуелниот шампион во Формула 1 Макс Верстапен ќе ја има најдобрата стартна позиција за утрешната трка на патеката „Сузука“ откако беше најдобар во квалификациите пред трката за ГН на Јапонија.
Холанѓанецот кој минатата трка не успеа да направи резултат ќе тргне од првото место на трката која се вози во Јапонија. Зад него заврши изненадувањето Оскар Пиастри, Австралиецот кој за првпат ќе стартува од првиот ред и ќе биде до Верстапен.
Третото место му припадна на Ландо Норис од Мекларен, а до Британецот се уште Чарлс Леклерк од Ферари, Серхио Перез и Карлос Сајнц. Пилотите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел ќе стартуваат од седмото и осмото место.
Трката за Големата награда на Јапонија се вози утре (недела) од 09:00 часот.