На крајот на 2024 година ќе им истечат договорите на 13 возачи во Формула 1. Тоа може да ја промени сегашната слика и да донесе изненадувачки рокади.
Тука се издвојуваат Серхио Перез од Ред Бул, Фернандо Алонсо (Астон Мартин), како и двајцата членови на Ферари – Шарл Леклер и Карлос Саинц. Во Алпин ќе им истечат договорите на Естебан Окон и Пјер Гасли.
Тоа ќе се случи во уште три екипи – Хас (Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен), Алфа Ромео (Валтери Ботас и Гуанжу Жоу) и Алфа Таури (Јуки Цунода и Даниел Рикардо). Сите споменати имаат договори до крајот на наредната година.