Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја е победник на трката за Големата награда на Индонезија.
Италијанецот со новите бодови успеа се врати на лидерското место во генералниот пласман. Во тоа до некаде му помогна и Хорхе Мартин кој пред да падне беше на чело на колоната но, на крајот остана без бодови. Второто место на подиумот го пополни Марк Вињалес од „Априлија“ а третото Фабио Квартараро со моторот на „Јамаха“.
Наредната трка ќе биде возена за Големата награда на Австралија.