Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер го победи Вардар, но на крајот се радуваа „црвено-црните“
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер го победи Вардар, но на крајот се радуваа „црвено-црните“

    risteBy riste22/10/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер на домашен терен пред својата публика го совлада големиот ривал Вардар (29:25) во второто лигашко дерби, меѓутоа нема промени на врвот затоа што домашната екипа победи со четири, а вардарци го добија првото дерби со пет гола разлика (30:25).

    На овој натпревар тренерот Владо Недановски поради вирус не можеше да смета на Петриќ и Родригез, додека повеќе играчи беа истоштени и евидентен беше нивниот проблем во играта.

    Еурофарм Пелистер добро го започна натпреварот и имаше константна предност која на полувреме изнесуваше 18:11. Во вториот дел Еурофарм Пелистер одржуваше  предност од 8-9 голови разлика, но во финишот од мечот повторно попушти концентрацијата и дозволија Вардар да дојде до намалување на резултатот на 29:24. На 12 секунди до крајот домашната екипа не реализираше напад, Томовски одбрани и веднаш го проигра Ѓукиќ кој преку контра постигна гол за 29:25 и за голема радост на гостинската екипа која со овој резултат останува лидер на табелата во оваа група.

    Најефикасни кај победничката екипа беа Домен Тајник и Ненад Костески кој постигнаа по пет гола, а Цехте, Кисум и Васиљев погодија по четири пати, додека кај Вардар, Срдановиќ, Родригез и Лазаревски постигнаа по четири гола, а голманот Томовски имаше 11 одбрани.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.