Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер на домашен терен пред својата публика го совлада големиот ривал Вардар (29:25) во второто лигашко дерби, меѓутоа нема промени на врвот затоа што домашната екипа победи со четири, а вардарци го добија првото дерби со пет гола разлика (30:25).
На овој натпревар тренерот Владо Недановски поради вирус не можеше да смета на Петриќ и Родригез, додека повеќе играчи беа истоштени и евидентен беше нивниот проблем во играта.
Еурофарм Пелистер добро го започна натпреварот и имаше константна предност која на полувреме изнесуваше 18:11. Во вториот дел Еурофарм Пелистер одржуваше предност од 8-9 голови разлика, но во финишот од мечот повторно попушти концентрацијата и дозволија Вардар да дојде до намалување на резултатот на 29:24. На 12 секунди до крајот домашната екипа не реализираше напад, Томовски одбрани и веднаш го проигра Ѓукиќ кој преку контра постигна гол за 29:25 и за голема радост на гостинската екипа која со овој резултат останува лидер на табелата во оваа група.
Најефикасни кај победничката екипа беа Домен Тајник и Ненад Костески кој постигнаа по пет гола, а Цехте, Кисум и Васиљев погодија по четири пати, додека кај Вардар, Срдановиќ, Родригез и Лазаревски постигнаа по четири гола, а голманот Томовски имаше 11 одбрани.

