Челниците на Формула 1 потврдија дека трката за Големата награда на Абу Даби со која ќе заврши сезоната ќе се вози во предвидениот термин.
Потврдата од првите луѓе на Ф1 доаѓа по шпекулациите на социјалните мрежи дека трката со која треба да се затвори сезоната ќе биде откажана и тоа поради војната која се случува меѓу Израел и Палестина.
Макс Верстапен стигна до третата светска титула. Неговиот тим Ред Бул ја обезбеди титулата кај констукторите.