Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану, нема да се жали за поразот од шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури.
Камерунецот иако доминираше на мечот во Ријад, Саудиска Арабија, на крајот победата ја доби Фјури благодарение на судиите.
„Каде да поднесам жалба? Британската боксерска комисија? Нема шанси. Тоа е уште еден начин да ме понижат“ – вели Нгану.