Американскиот хокеарски клуб Питсбург Пингвинс ќе го повлече дресот со број 68 на чешкиот напаѓач Јаромир Јагер на церемонија пред натпреварот во НХЛ против Лос Анџелес Кингс на 18 февруари.
Јагер ги одигра првите 11 сезони во НХЛ со Питсбург (1990-2001), освојувајќи два Купа на Стенли (1991, 1992) и наградата МВП (1998-1999). 10-кратниот Ол-стар играше во НХЛ до 45-годишна возраст.
Тој во 24 сезони одигра 1.733 натпревари и направи 1.921 поени (766 голови и 1.155 асистенции). Јегер е втор по освоените поени зад Вејн Грецки (2.857).