Крилото на Милвоки Бакс, Џае Краудер нема да може да им помогне на соиграчите на тимот подолг период, затоа што ќе мора да оди на операција.
Тој во саботата се повреди на натпреварот против Орландо и по деталните прегледи констатирана е двојна повреда.
Милвоки објави дека се очекува Краудер да отсуствува од терените најмалку два месеци. Во текот на денот Краудер ќе биде подложен на хируршка интервенција која ќе биде извршена во Филаделфија.