Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја забележа својата 19-та победа сезонава, триумфирајќи на Големата награда на Абу Даби и со тоа дополнително го подобри рекордот што претходно го постави во однос на триумфи во една календарска година.
Верстапен го постигна 54-от триумф во кариерата и сега е осамен на третата позиција на вечната листа на возачи со најмногу победи во Формула 1. На врвот и натаму е Луис Хамилтон со 103, додека на второто место е Михаел Шумахер кој се искачи на врвот на подиумот 91 пати.
Второто место денеска му припадна на Шарл Леклер од Ферари, а третото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес.