Италијанската скијачка Софија Гоџа триумфираше на денешната Супер-Џи трка што се одржа во швајцарски Ст. Мориц. Гоџа по две години успеа да победи во оваа дисциплина, а ова е 23-та победа за неа во кариерата, шеста во Супер-Џи. Со овој резултат таа се изедначи со Федерика Брињоне по број на победи на Италијанките во алпско скијање.
Гоџа стигна до целта со време 1:16:63, пред Австријката Корнелија Хитер, а третото место и припадна на Лара Гут-Бехрами. Во генералниот пласман Микаела Шифрин е прва со 520 бодови, следуваат Петра Влхова со 391, Гут-Бехрами со 385, Брињоне со 365, Сара Хектор со 296 бодови.