Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настап на ЕП во Германија кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари во Германија. Во моментов нашите ракометари се наоѓаат во Стара Пазова, Србија каде го реализираат првиот дел од подготовките, а последен на нашата селекција и се приклучи, капитенот, голманот Никола Митревски.
„Подготовките течат во најдобар ред, секојдневно работиме напорно, како на физички, така и на тактички план. Имаме убава атмосфера и со нетрпение чекаме да дојде настапот на ЕП во Германија. Досега одигравме неколку натпревари меѓу нас, а не чека мечот со Црна Гора овде во Србија. Потоа се враќаме во Скопје каде ќе ги финишираме подготовките со контролните средби со Грција.
Самиот факт што играме со Германија и Франција кои се меѓу 5-6 репрезентации кандидати за највисок пласман е дополнителен мотив за нас. Можеби на почетокот кога беше ждрепката, тоа изгледаше демотивирачки за нас, но сега како поминува времето и подготовките со нетрпение очекуваме да излеземе на мегдан со Франција и да играме на стадион. Ако можевме да ја победиме една Данска, зошто да не се надеваме дека можеме до изненадување и на ова ЕП.
Швајцарија е доста сериозен протиовник. Во нивните редови има многу играчи кои настапуваат во Бундеслигата, затоа мислам дека нема да ни биде лесно против ниту една селекција во нашата група“ истакна Митревски во изјава за Спортско радио 90,3 фм.
Македонските репрезентативци на 10 јануари во Дизелдорф играат против Франција, а на 14 во Берлин против Германија, групата ја завршуваат со мечот против Швајцарија на 16 јануари во Берлин.
Комплетниот разговор проследете го на следниот ЛИНК

