Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Никола Митревски: „Франција и Германија се само дополнителен мотив за нас“
    Ракомет

    Никола Митревски: „Франција и Германија се само дополнителен мотив за нас“

    sasoBy saso28/12/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настап на ЕП во Германија кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари во Германија. Во моментов нашите ракометари се наоѓаат во Стара Пазова, Србија каде го реализираат првиот дел од подготовките, а последен на нашата селекција и се приклучи, капитенот, голманот Никола Митревски.

    „Подготовките течат во најдобар ред, секојдневно работиме напорно, како на физички, така и на тактички план. Имаме убава атмосфера и со нетрпение чекаме да дојде настапот на ЕП во Германија. Досега одигравме неколку натпревари меѓу нас, а не чека мечот со Црна Гора овде во Србија. Потоа се враќаме во  Скопје каде ќе ги финишираме подготовките со контролните средби со Грција.

    Самиот факт што играме со Германија и Франција кои се меѓу 5-6 репрезентации кандидати за највисок пласман е дополнителен мотив за нас. Можеби на почетокот кога беше ждрепката, тоа изгледаше демотивирачки за нас, но сега како поминува времето и подготовките со нетрпение очекуваме да излеземе на мегдан со Франција и да играме на стадион. Ако можевме да ја победиме една Данска, зошто да не се надеваме дека можеме до изненадување и на ова ЕП.

    Швајцарија е доста сериозен протиовник. Во нивните редови има многу играчи кои настапуваат во Бундеслигата, затоа мислам дека нема да ни биде лесно против ниту една селекција во нашата група“ истакна Митревски во изјава за Спортско радио 90,3 фм.

    Македонските репрезентативци на 10 јануари во Дизелдорф играат против Франција, а на 14 во Берлин против Германија, групата ја завршуваат со мечот против Швајцарија на 16 јануари во Берлин.

    Комплетниот разговор проследете го на следниот ЛИНК

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.