Австриецот Јан Херл е победник на третиот натпревар од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ кој денеска се одржа во австриски Инсбрук.
Втор заврши Јапонецот Кобајаши, а трет Михаел Хајбек.
Херл победи со скокови од 134 и 127,5 метри и со вкупно 267,5 поени. Тоа е негова втора победа во кариерата.
Второто место го зазеде Рјоја Кобајаши од Јапонија со 258,7 поени, кои ги собра со скокови од 128,5 и 132 метри. Трет беше Австриецот Михаел Хајбек со 254 поени, скокови од 131 и 135,5 метри.
Словенецот Ловро Кос го освои четвртото место (253,2), а Германецот Андреас Велингер кој победи на прват аскокалница заврши како петти (252,1). Победникот на скокалницата во гармиш, Анже Ланишек од Словенија денеска беше седми (244,8).
Во вкупниот пласман на турнејата „Четири скокалници“, Кобајаши е прв со 857,6 поени, пред Велингер со 852,8 и Херл кој е трет со 834 поени.
Турнејата завршува во сабота со скоковите во Бишофсхофен.