Селекторот на Швајцарија, Мајкл Сутер, пред воведниот меч со Германија на ЕП имаше интересна изјава.
„Швајцарија победи на два меча против Германија во овој век: еднаш кога бев играч; Еднаш кога игравме во Дизелдорф. Па можеби ова е добар момент “ – рече Сутер и се наврати на изминатите денови.
„Нашата подготовка помина добро, ги добивме сите три натпревари на последниот тест турнир. Сите играчи кои пристигнаа во Германија се фит, расположението е добро. Мора да го издржиме притисокот во првите 15 минути за да стекнеме стабилност и да ја запреме германската машина“ – вели селекторот на Швајцарија.

