Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Митревски: „Поразот е превисок, но Франција ни ја покажа разликата меѓу нив и нас“
    Ракомет

    Митревски: „Поразот е превисок, но Франција ни ја покажа разликата меѓу нив и нас“

    risteBy riste10/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација со пораз го започнаа Европското првенство во Германија. На отворањето на шампионатот нашите ракометари одиграа сосема солидно против фаворитот Франција, особено во првиот дел од првото полувреме, но немаа сили за нешто повеќе од пораз (39:29).

    Капитенот на нашата репрезентација, голманот Никола Митревски зборуваше по мечот за резултатот.

    „Петнаесетина до дваесет минути бевме во егал со Францијаа. Имавме контрола на настаните на теренот, а потоа нивната одбрана нè натера да направиме неколку грешки, неколку технички грешки кои лесно ги искористи противникот преку полуконтра и контра и така да го презеде водството.

    Франција во продолжението го контролираше до крај натпреварот. Таа е разликата меѓу Франција и Македонија, не е исто, тие играат врвни натпревари во ритам среда-сабота, а ние немаме такви натпревари. Треба многу да работиме за до некаде да го стигнеме нивното ниво. Ни останува малку горчина, не затоа што загубивме со десет гола разлика, туку да бевме поконцентрирани и да го немавме нашиот менталитет кој се обидуваме да го подобриме. Ќе бевме позадоволни ако завршеше пет до шест гола, но ете, нѐ добија десет разлика и тоа е таа разлика меѓу нас и нив“, изјави капитенот на македонската репрезентација.

    Митревски беше одличен на голот на нашата репрезентација, имаше десет одбрани. Македонија сега на ЕП ја очекува дуел со домашната селекција на Германија, натпревар кој се игра в недела во Берлин.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.