Лара Гут-Бехрами победи на женскиот супер-велеслалом во Светскиот куп во алпско скијање во австрискиот зимски центар Алтенмаркт-Заухензе. За Гут-Бехрами ова е 20-ти успех во оваа дисциплина. Само Американката Линдзи Вон има повеќе од Швајцарката – 28.
Австријката Корнелија Хутер, заврши на второто место а нејзината сонародничка Миријам Пучнер го пополни третото место на подиумот. Во поредокот за малиот кристален глобус во супер-велеслалом води Корнелија Хутер пред Гут-Бехрами и Брињоне.
Во Светскиот куп води Американката Микаела Шифрин. Втора е Италијанката, Федерика Брињоне а трета Лара Гут-Бехрами.