Голманот на нашата репрезентација Мартин Томовски доби поголема минутажа на натпреварот против Германија, но Македонија не успеа да биде на потребното ниво на оваа средба против посилниот ривал и домаќин на шампионатот.
По мечот, Мартин Томовски беше реалиен и кажа дека Германија е ракометна „машинерија“ која ги казнува сите грешки на противникот, а така беше и против нас.
„Игравме во одлична атмосфера. За Германците, кажав и претходно, тие се „машинерија“. Така што не простуваа и секоја наша техничка грешка ја казнија со лесен гол. На ред за нас е Швајцарија, го гледавме нивниот меч со Франција, изгледаше како една различна Швајцарија од оној прв меч. Одбраната им донесе нерешен резултат со фаворитот. Мора уште од вечерва да се подготвуваме за тој последен натпревар во групата и максимално да се спремиме за да имаме нешто повеќе од тој натпревар“, изјави Томовски.
Македонија ќе го затвори својот настап на ЕП 2024 со мечот против Швајцарија кој ќе се игра во вторник во Берлин од 18 часот.

