Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Томовски: „Германската „машинерија“ ја казни секоја наша грешка“
    Ракомет

    Томовски: „Германската „машинерија“ ја казни секоја наша грешка“

    risteBy riste15/01/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голманот на нашата репрезентација Мартин Томовски доби поголема минутажа на натпреварот против Германија, но Македонија не успеа да биде на потребното ниво на оваа средба против посилниот ривал и домаќин на шампионатот.

    По мечот, Мартин Томовски беше реалиен и кажа дека Германија е ракометна „машинерија“ која ги казнува сите грешки на противникот, а така беше и против нас.

    „Игравме во одлична атмосфера. За Германците, кажав и претходно, тие се „машинерија“. Така што не простуваа и секоја наша техничка грешка ја казнија со лесен гол. На ред за нас е Швајцарија, го гледавме нивниот меч со Франција, изгледаше како една различна Швајцарија од оној прв меч. Одбраната им донесе нерешен резултат со фаворитот. Мора уште од вечерва да се подготвуваме за тој последен натпревар во групата и максимално да се спремиме за да имаме нешто повеќе од тој натпревар“, изјави Томовски.

    Македонија ќе го затвори својот настап на ЕП 2024 со мечот против Швајцарија кој ќе се игра во вторник во Берлин од 18 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.