Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Фаворитската улога и ја препуштаме на Швајцарија, сакаме да одиграме најдобро и да победиме“
    Ракомет

    Лазаров: „Фаворитската улога и ја препуштаме на Швајцарија, сакаме да одиграме најдобро и да победиме“

    risteBy riste15/01/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, заедно со своите избраници се подготвуваат за завршниот натпревар од Европското првенство во Германија. Македонија ќе се сретне со Швајцарија, а нашиот предводник најавува дека ќеима голема борба на теренот. 

    „Да не се повторуваме, Швајцарија одигра реми со олимпискиот шампион, Франција. Покажаа дека имаат голем квалитет и имаат големи амбиции. Ќе биде ова тежок дуел со екстра-квалитетен противник, имаат индивидуалци како Шмит, Зендер и Портнер, тука е и Робин, добар голгетер.

    Ако некаде имаме шанси да бидеме подобри од противникот, тоа е дуелот со Швајцарија. Ќе им ја препуштиме ним фаворитската улога, а ние ако се поправиме во некои сегменти, мислам дека можеме да дојдеме до успех. Мора да ги сведеме грешките на минимум или воопшто да ги нема. Некогаш и противникот ве наведува да грешите, ќе мораме со добра одбрана „шест на шест“ да дојдеме до позитивен резултат“, изјави Лазаров. 

    Македонија очекувано ги загуби првите два меча со Франција и Германија, а последната шанса за поправање на впечатокот на ова ЕП ќе биде токму дуелот со Швајцарците. Навивачите и љубителите на ракометот во Македонија очекуваат максимално залагање и евентуална прва победа на Европското првенство. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.