Македонската ракометната репрезентација вечерва ќего одигра последниот натпревар на Европското првенство, бидејќи по двата стартни порази остана без шанса за пласман во главната фаза. Третиот и последен меч во групата го играме против Швајцарија во „Мерцедез Бенц Арената“ во Берлин.
Нашиот денешен противник покажа две различни лица, најнапред беше убеливо поразен од Германија со 27:14, а во второто коло ја изненади Франција и одигра нерешено 26:26. Главната ѕвезда на Швајцарија е секако ветеранот Енди Шмид, а тука се уште и браќата Зендер и одличниот стрелец Лаубе, како и одличниот голман Портнер.
Иако уште пред стартот на ова ЕП сметаме дека Швајцарија е единствена шанса за надигрување, сепак во нашиот табор сметаат дека противникот ја има фаворитската улога, пред се по одличната игра против Франција.Македонија одигра лоши два натпревариво првите две кола од ЕП, загуби од Франција со 10 и од Германија со 9 гола ралика. Големиот број на загубени топки и технички грешки беа главната причина за овие два убедливи порази, впрочем на овие два натпревари имавме дури 39 технички грешки што беше најмногу од сите репрезентации на ЕП по одиграни 2 натпревари.
Моменталната форма и последните резултати не ни одат во прилог, единственото нешто што во моментов е на наша страна е традицијата. Досега сме одиграле шест натпревари против Швајцарците, сите во рамките на квалификации за Европско првенство и сите се победи. Сепак, ова сега е ново време во кое Кирил Лазаров и неговата генерација повеќе не играат, па останува надеж дека нивните наследници ќе се потрудат достојно да се простат од Европското првенство.
Овој натпревар може да биде важен и за иднината на македонскиот ракомет поврзан со настапите на големите собири. Доколку завршиме последни во групата патот до следното Светско првенство ќе биде пеколно тежок, бидејќи ќе бидеме неносители во баражите и може да налетаме на некој силен противник.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра во терминот од 18:00 часот во „Мерцедес Бенц Арената“, а ќе го суди двојката Коваличиус од Молдавија.
Меѓусебни натпревари на Македонија и Швајцарија:
02.05.2021 Македонија – Швајцарија 29:28
07.11.2020 Швајцарија – Македонија 23:25
10.06.2015 Швајцарија – Македонија 17:26
29.10.2014 Македонија – Швајцарија 27:20
12.06.2013 Швајцарија – Македонија 22:27
31.10.2012 Македонија – Швајцарија 30:24

