Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија вечерва против Швајцарија за достојно простување од ЕП
    Ракомет

    Македонија вечерва против Швајцарија за достојно простување од ЕП

    risteBy riste16/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометната репрезентација вечерва ќего одигра последниот натпревар на Европското првенство, бидејќи по двата стартни порази остана без шанса за пласман во главната фаза. Третиот и последен меч во групата го играме против Швајцарија во „Мерцедез Бенц Арената“ во Берлин. 

    Нашиот денешен противник покажа две различни лица, најнапред беше убеливо поразен од Германија со 27:14, а во второто коло ја изненади Франција и одигра нерешено 26:26. Главната ѕвезда на Швајцарија е секако ветеранот Енди Шмид, а тука се уште и браќата Зендер и одличниот стрелец Лаубе, како и одличниот голман Портнер.

    Иако уште пред стартот на ова ЕП сметаме дека Швајцарија е единствена шанса за надигрување, сепак во нашиот табор сметаат дека противникот ја има фаворитската улога, пред се по одличната игра против Франција.Македонија одигра лоши два натпревариво првите две кола од ЕП, загуби од Франција со 10 и од Германија со 9 гола ралика. Големиот број на загубени топки и технички грешки беа главната причина за овие два убедливи порази, впрочем на овие два натпревари имавме дури 39 технички грешки што беше најмногу од сите репрезентации на ЕП по одиграни 2 натпревари.

    Моменталната форма и последните резултати не ни одат во прилог, единственото нешто што во моментов е на наша страна е традицијата. Досега сме одиграле шест натпревари против Швајцарците, сите во рамките на квалификации за Европско првенство и сите се победи. Сепак, ова сега е ново време во кое Кирил Лазаров и неговата генерација повеќе не играат, па останува надеж дека нивните наследници ќе се потрудат достојно да се простат од Европското првенство. 

    Овој натпревар може да биде важен и за иднината на македонскиот ракомет поврзан со настапите на големите собири. Доколку завршиме последни во групата патот до следното Светско првенство ќе биде пеколно тежок, бидејќи ќе бидеме неносители во баражите и може да налетаме на некој силен противник.

    Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра во терминот од 18:00 часот во „Мерцедес Бенц Арената“, а ќе го суди двојката Коваличиус од Молдавија.

    Меѓусебни натпревари на Македонија и Швајцарија:
    02.05.2021 Македонија – Швајцарија 29:28
    07.11.2020 Швајцарија – Македонија 23:25
    10.06.2015 Швајцарија – Македонија 17:26
    29.10.2014 Македонија – Швајцарија 27:20
    12.06.2013 Швајцарија – Македонија 22:27
    31.10.2012 Македонија – Швајцарија 30:24

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.