Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Кузмановски: „Игравме како тим и ја посакувавме победата, затоа и дојдовме до неа“
    Ракомет

    Кузмановски: „Игравме како тим и ја посакувавме победата, затоа и дојдовме до неа“

    risteBy riste16/01/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски по предходниот натпревар не беше задоволен од својот наста, а вечерва е задволен од себе, но и од останатите соиграчи кои дадоа се за да дојдат до посакуваната победа над Швајцарија од 29:27. Кузмановски даде свој коментар за средбата која ја добивме и која може многу да значи за иднината на македонскиот ракомет.

    „Игравме на ова првенство против олимпискиот првак Франција и домаќинот Германија. Многумина очекуваа резултати од нас, но тие се понапред и ние треба да учиме од нив. За мечот со Швајцарија, кога ќе ја погледнеме историјата, имаме победи со нив, но тие на ова првенство покажаа дека се одлична екипа. Оваа победа за нас многу значи за екипата, за самодовербата, за иднината, за сите да видиме дека можеме. Нормално е да имаш падови во играта, ние сме една помлада екипа. Бевме во егал со Швајцарците до крајот, но имавме одличен голман, настапивме со голема самодоверба и ни знаечеше ова издание. Си одиме со кренати глави за Македонија, среќен сум за тимот. Нашата реална слика беше да победиме со Швајцарија и тоа успеавме. Ја прифаќам улогата на лидер, победи екипата, задоволен сум од изданието на Македонија и тоа ми е важно. Сега, ќе можеме малку да се опуштиме и со кренати глави си одиме дома“, изјави Кузмановски.

    Македонија поради победата над Швајцарија ќе биде носител во баражот за СП 2025. Триумфот е доста важен, затоа што ќе донесе и полесен противник на хартија на патот кон следното Светско првенство.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.