Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски по предходниот натпревар не беше задоволен од својот наста, а вечерва е задволен од себе, но и од останатите соиграчи кои дадоа се за да дојдат до посакуваната победа над Швајцарија од 29:27. Кузмановски даде свој коментар за средбата која ја добивме и која може многу да значи за иднината на македонскиот ракомет.
„Игравме на ова првенство против олимпискиот првак Франција и домаќинот Германија. Многумина очекуваа резултати од нас, но тие се понапред и ние треба да учиме од нив. За мечот со Швајцарија, кога ќе ја погледнеме историјата, имаме победи со нив, но тие на ова првенство покажаа дека се одлична екипа. Оваа победа за нас многу значи за екипата, за самодовербата, за иднината, за сите да видиме дека можеме. Нормално е да имаш падови во играта, ние сме една помлада екипа. Бевме во егал со Швајцарците до крајот, но имавме одличен голман, настапивме со голема самодоверба и ни знаечеше ова издание. Си одиме со кренати глави за Македонија, среќен сум за тимот. Нашата реална слика беше да победиме со Швајцарија и тоа успеавме. Ја прифаќам улогата на лидер, победи екипата, задоволен сум од изданието на Македонија и тоа ми е важно. Сега, ќе можеме малку да се опуштиме и со кренати глави си одиме дома“, изјави Кузмановски.
Македонија поради победата над Швајцарија ќе биде носител во баражот за СП 2025. Триумфот е доста важен, затоа што ќе донесе и полесен противник на хартија на патот кон следното Светско првенство.

