Поранешниот шеф на екипата на Хаас во Формула 1, Гинтер Штајнер, верува дека набрзо ќе биде прекината доминацијата на Макс Верстапен и Ред Бул.
„Мислам дека некој од другите тимови ќе го стигне Ред Бул, оваа или следната година. Погледнете што направи Мекларен во 2023 година кој многу брзо отиде напред“ – вели Штајнер.
„Јасно е дека Макс доминираше минатата година. Тој го вози најдобриот болид и мислам дека е најдобриот возач во моментов“ – вели Штајнер.