Ферари минатата година го претстави новиот болид – „SF-23“ со спектакуларен настан на патеката Фиорано пред голем број на фанови. Годинава пак, претставување на „Ferrari 676“ ќе биде многу поскромно.
Сега премиерата ќе се емитува на веб-страницата на Ферари без присуство на публика а дури се шпекулира дека на 15 февруари ќе видиме претходна верзија на болидот тестирана во така наречен тунел-симулатор.
Се очекува дури на 21 февруари на патеката во Бахреин да се појави вистинскиот болид со кој тимот ќе ја започне сезоната. Тогаш се закажани пробните возења.