Директорот на американскиот тим за алпско скијање, Патрик Римпл, вели дека Микела Шифрин полека се оправува од повредата што ја заработи на спустот во Кортина д’Ампецо во Италија.
Ѕвездата од САД откако ја загуби контролата на патеката удри во заштитните мрежи но, избегна посериозна повреда. Петкратната освојувачка на Големиот кристален глобус веројатно ќе се врати на собирот во Андора.
Таму на 10 и 11 февруари ќе се возат трките во слалом и велеслалом во рамките на Светскиот куп.