Швајцарскиот скијач Даниел Јул е победник на слаломската трка во Шамони, Франција и приреди големо изненадување.
Првпат во историјата на Светскиот куп победи скијач кој по првото возење беше рангиран на 30. позиција. Јул успеа да направи голем подвиг и со време 1:36,24 дојде до највисокото место на подиумот.
На второто место со задоцнување од 0,16 секунди беше Лоик Меилард од Швајцарија, додека 0,18 секунди доцнеше Клемон Ноел.
Следниот викенд на програмата се слаломската и велеслаломската трка во Банско, натпреварување кое според локацијата е најблиску до нашата земја, па можеби некои љубители на скијањето ќе бидат дел од овие две трки.