Новинарот на ESPN, Адријан Војнаровски, откри дека ѕвездата на Филаделфија и МВП на НБА лигата, Џоел Ембиид ќе мора да оди на операција на менискусот на левото колено, по што ќе отсуствува од терените подолго време.
Центарот на Филаделфија заработи повреда по дуелот со Џонатан Кумингс на натпреварот против Голден Стејт. Во борбата за топката Кумингс се фрли на коленото на Ембиид, кој потоа мораше да замине во соблекувалната.
Ембиид моментално е водечки стрелец во НБА со 35,3 поени по натпревар. Оваа сезона имаше просек од 11,3 скока и 5,7 асистенции по меч.