Возачот на Дукати, Хорхе Мартин, откри дека луѓето од екипата го пропуштиле рокот да одлучат кој феринг ќе го користи шпанскиот возач на првата трка од сезоната во Мото ГП 2024 година.
На вчерашниот прв тест ден на Сепанг, Мартин беше најбрз а денеска во деветтиот круг го подобри рекордот на патеката во Малезија.
„Не беше лесен ден. Да, на почетокот бевме брзи со стариот феринг. Но, тогаш го ставивме новиот и не се однесуваше добро. Тежок ден затоа што требаше да избереме феринг но, не го направивме вистинскиот потег. Утре мора да се реши проблемот“, објасни Мартин.

