Јулија Симон (Франција) ја обезбеди и втората титула во спринт на 10 километри откако триумфираше на Светското првенство во биатлон во чешкиот зимски центар – Нове Место.
За неа тоа е петти златен медал во кариерата од СП и воедно трет во Нове Место по триумфот во спринтот на 7,5 километри и со мешаната штафета на Франција.
Италијанката, Лиза Витоци, го освои среброто а Жастин Буше (Франција) се израдува на бронзата.