Поранешниот возач на Ферари во Формула 1, Герхард Бергер, вели дека доаѓањето на Луис Хамилтон во Ферари во 2025 година било логичен развој на настаните.
„Беше јасно дека Луис ќе заврши во Ферари, тоа ќе биде од корист за двете страни. Тимот треба да започне нова фаза а Луис е еден од најдобрите возачи во историјата“ – вели Бергер.
„Луис знае дека освојувањето на шампионската титула со Ферари ќе додаде посебна вредност на неговата кариера. Тоа е сон на секој пилот“ – вели Бергер.