Фернандо Алонсо кој ќе ја реализира 21-та сезона во Формула 1 откако во далечната 2001 година, влезе во така наречениот „циркус на тркала“, изјави дека не знае дали и во 2025-та ќе биде активен на патеките.
Шпанецот кој има две титули, во два наврата ја прекина кариерата за потоа да се врати. Неговиот договор со со Астон Мартин е до крајот на претстојната сезона.
„Прво треба да одлучам дали сакам да продолжам да се натпреварувам. Сега се чувствувам одлично. Знам дека ќе имаме нови правила. Ќе почекам неколку трки а потоа ќе одлучам“ – потенцираше Алонсо кој во 2023-та во првите 8 трки дури 6 пати се искачи на подиумот.