Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, кој во изминатата сезона имаше шест искачувања на подиумот во првите осум трки, вели дека неговиот тим, Астон Мартин, бил во подобра позиција пред 12 месеци.
Неговиот заклучок дојде по завршните тестови во Бахреин непосредно пред стартот на новата сезона.
„Задоволен сум од промените. Многу добро ги познаваме пневматиците. Направивме неколку промени и задоволни сме од резултатот“ – изјави Шпанецот за медиумите.

