Макс Верстапен и Серхио Перез му донесоа двојна победа на Ред Бул на отворањето на сезоната во Формула 1 на патеката во Бахреин.
Холанѓанецот немаше проблеми и лесно помина прв низ целта додека Мексиканецот успеа да го издржи нападот на конкурентите и да се искачи на второто место на подиумот. В пресрет на втората сезонска трка во Саудиска Арабија, Перез вели дека со нетрпение чека да се појави на патеката во Џеда.
„Имаме уште многу работа на болидот. Вообичаено во Џеда трките се многу интересни. Минатата година забележав победа таму и со нетрпение чекам тоа да го повторам“ – вели Перез.