Трикратниот Ф1 шампион, Макс Верстапен, потврди дека е среќен во Ред Бул и дека нема причина да го напушти тимот. Неговата изјава доаѓа откако се појавија шпекулации дека би можел да биде наследник на Луис Хамилтон во болидот во Мерцедес.
„Среќен сум во Ред Бул, се додека имаме добри резултати, немам причина да заминам. Секогаш ќе ги почитувам договорите до крај “ изјави Холанѓанецот.
Неговиот тим ја отвори новата сезона во Ф1 со така наречена 1-2 победа на патеката во Бахреин.

