Возачот на Мерцедес во Формула 1, Џорџ Расел, се осврна на можниот трансфер на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен во германскиот состав.
„Мислам дека секој тим сака да ја има најдобрата возачка комбинација. Кој и да е до мене следната година или подоцна, ќе бидам подготвен за предизвици“ – вели Расел.
Неодамна во странските медиуми се појавија гласини дека Верстапен би можел да го заземе местото на Хамилтон во германскиот тим.