Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, постигна најбрзо време во квалификациите за Големата награда на Катар на отворањето на сезоната во Мото ГП шампионатот.
Второто место го зазеде Алеш Епсаргаро од Априлија со заостанување од 0,083 секунди. Третото место му припадна на Енеа Бастианини со Дукати, кој беше за три илјадити делови од секундата побавен од Еспраргаро.
По нив утре ќе стартуваат Бред Биндер на КТМ, бранителот на титулата Франческо Бањаја и Марк Маркез на Гресини.